Заев: Правда еднаква за сите, нема да биде заштитен никој и во извршната власт

Сподели со своите пријатели

Премиерот Зоран Заев во денешниот отчет потсети дека пред 100 дена во Собранието најави оти влегуваме во време на ред, правда и дисциплина, на прочистување на судството и неселективно владеење на правото. Се осврна на позитивниот извештај на ЕК за С Македонија, во кој се истакнува дека оваа извршна власт ја започна трансформацијата на земјата по европски терк и овозможува еднаков пристап до правдата, еднакви можности за сите и еднаквост пред законите. Правдата станува еднакво достапна за сите, нагласи премиерот Зоран Заев во денешниот отчет за сработеното во изминатите 100 дена.

Loading...

Тој наведе дека со одлуката на Уставниот суд со која јасно стана дека поништувањето на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов е уставна и законска, пропадна, како што рече, и последниот обид на обвинети лица опфатени со амнестијата да се ослободат од одговорност.

Предметите подигнати и водени од СЈО продолжуваат, истакна, да бидат во процес на правна разрешница низ независни, ефикасни, транспарентни, законски судски рочишта.

– Ќе потсетам дека само Мицкоски беше против измените на Законот за Јавното обвинителство со кое се гарантираше иднината на предметите или што би рекол и самиот тој, беше единствениот кој застана на браникот на криминалот, рече Заев.

Ние, истакна премиерот Заев, за граѓаните обезбедивме уште едно олеснување за непречен пристап до правда, со повеќе кратно намалување на судските такси. Нотирани се остварените видливи резултати, како во судството, така и во бробата против коруипцијата, воедно оддадено е призназние за добриот напредок на имплементацијата на стратегијата за реформи во правосудството.

Констатирана е и усогласена законската рамка за заштита на човековите права со европските стандарди во најголема мерка.

За независноста на судството, Владата преку Министерството за правда го помага усвојувањето на методологијата со која ќе се изврши филтрација на судството и обивнителството. Тоа ќе се прави исклучително и исклучиво преку Судскиот совет и Совето на јавни обвинители, кои, информира, ќе направат филтрација во своите редови.

– Нема да биде заштитен никој и во извршната власт доколку ги прекерши етичките норми и незаконски работи, затоа ги разрешивме функционерите кои тоа се обидоа да го направат. Истовремено сите законски и други услови за одржување на пописот се во завршна фаза. Законот за попис можеби дури и денеска ќе биде на усвојување во Собранието, со тоа ги обезбедуваме сите услови за оваа статистичка операција од чии показатели ќе произлезат насоки за некои од најзначајните прашања за идниот стратешки развој на земјата. Граѓаните бараат попис, на државата и треба попис, а ние тоа на пролет ќе го овозможиме, истакна премиерот Зоран Заев.

Loading...

Цветанка Миновска

Leave a Reply