Заев очекува похрабри чекори од ЗНМ во борбата против лажните вести

Сподели со своите пријатели

Премиерот Зоран Заев очекува похрабри чекори од Здружението на новинари (ЗНМ) во борбата против лажните вести и нивното пласирање во медиумите.

Loading...

Лажните вести, како што нагласи Заев, не само што шират омраза, уништуваат чест и достоинство на поединци, туку им штетат и на интересите на државата, уривајќи ги и попречувајќи ги нејзините стратегии.

-Од она што го добивам како анализи и од она што го следам и читам, гледам дека дефинитивно има многу злонамерни ширења лажни вести кои може да предизвикаат непоправливи последици. Се работи за медиуми без импресум кои и тоа како се присутни во етерот и кои, освен што уништиваат чест и достоинство на поединци, уништуваат и институции, уништуваат стратегии на државата, шират омраза која има рефлексија и пречки на нашите стратешки цели. Барам помош и поддршка од медиумите и здруженијата на медиумите да работиме на ова поле, да воспоставиме европски модели, да го најдеме тоа што е најдобро во Европа, во демократскиот свет и да го имплементираме зашто е сериозна закана и за општетсвото и за слободата и за стратешките определби на државата, но е сериозна закан и за поединецот во нашето оштество, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по отчетот за сработеното на Владата во првите 100 дена.

Мирјана Чакарова

Leave a Reply