Забава со Deejay Swabba во Кафе Селект

Сподели со своите пријатели

Кафе Селект ја организира својта прва забава, на 22. декември кумановци ќе можат да се забавуваат заедно со Deejay Swabba.

Ако сакате одлично предновогодишно загревање, тогаш Кафе Селект е вистинскиот избор. Ветуваат добра музика, но и пијалоци за сечиј вкус, од алкохолни до безалкохолни.

Можете да ги посетите и во меѓувреме за да се осигурате дека 22. декември навистина ќе биде одлична вечер. Уверете се лично во нивната понуда, се наоѓаат спротив кумановскиот театар, на улицата „Кирил и Методиј“. Можат да ви понудат одлични пакети кафе и минерална вода за 40 денари и кафе и сок од портокал по цена од 60 денари.

Доколку сте во брзање, само поминете и земете кафе за носење, вашиот омилен пијалак секогаш да биде со вас во студение зимски денови.