За три години регулирани 17.300 метри речни корита во кумановско

Сподели со своите пријатели

Во изминатите три години, регулирани се вкупно 17.300 метри речни корита низ поширокиот кумановски регион, како и 12.600 метри одводни канали, рече денеска директорот на АД Водостопанство „Кумановско – липковско поле“, Оливер Илиевски во својот отчет за тригодишното менаџирање на оваа претпријатие.

Loading...

Како што истакна Илиевски, изминатите три години, работата била насочена главно на  четири столба на функционирање: навремена достава на вода, регулирање на деловните односи со ЈП „Водовод“ Куманово, расчиствување на речните корита и одводни канали и борба со корупција и криминал.

Како што истакна директорот од доаѓањето на сега актуелниот менаџерски состав на „Кумановско-липковско поле“, водоснабдувањето се одвива непречено и за прв пат бајпасот работи во текот на целата година.

– Третиот вод т.н. бајпас не го исклучуваме со завршување на сезоната за наводнување, туку дел од шахтите ги блиндираме и повторно ја пуштаме водата до „Водовод“ Куманово, така да во изминатите три години „Водовод“ добива вода и во зимскиот и летниот период целокупната количина. Со ова му овозможуваме на градот да не користи бунари, односно пумпи со кои има голем трошок на електрична енергија и тие средства за да може да ги користат за други намени, изјави Илиевски.

Во текот на трите години се регулирани и односите за соработка меѓу Водостопанство и Водовод, рече денеска директорот Илиевски, кој потенцираше дека од први јануари 2019 година е намалена цената на водата за 50 отсто.

– Од први јануари 2019 година ја намаливме за 50% цената на вода, која водостопанство ја испорачува на Куманово, односно од 6,4 на 3,2 денари по еден метар кубен. Ова е направено за Куманово за да може јавното претпријатие да инвестира во други проекти и да ги намали трошоците да застане на нозе, а крајна цел е намалување на цената на вода до крајните потрошувачи односно граѓаните, рече тој.

Со тоа, како што потенцираше Илиевски, градот има заштеда од околу 42 милиони денари за две години.

За трите изминати години, АД Водостопанство „Куманвоско – липковско поле“ бележи 910 интернвеиции на системот за наводнување, регулација на 17.300 метри речни корита и 12.600 метри одводни канали.

Loading...

Четвртиот столб по кој се функционирало во текот на изминатите години, вели Илиевски, била борбата со криминалот и корупцијата.

– Ние во изминатиот период јавно обелоденивме тоа што е правнео во изминатите 12 години, не се скривавме зад Н.Н. лица туку со 7те кривични пријави што ги поднесовме, ги поднесовме со име и презиме и покрај сите притисоци, уцени и закани ние продолживме со таа постапка. Сега во моментот сите предмети се во јавно обвинителство, ЈО презема мерки, ние нашата граѓанска должност ја завршивме од тука натаму е на судскиот систем да ја доврши, истакна Илиевски.

Инаку, последна регулација е направена на речните корита од Бељаковце до Клечовце, а моментално машините се кај Меморијалниот центар АСНОМ каде сѐ уште се чека опаѓање на водостојот на Пчиња за да започне регулација и на тој дел од коритото.

Во текот на годината се предвидени регулирање на околу 5.000 метри речни корита и 2.000 метри одводни канали низ кумановскиот регион.

Никола Ивановски

Leave a Reply