За помалку од три месеци санкционирани 46 пешаци во Куманово

Сподели со своите пријатели

За неполни три месеци на подрачјето на Куманово, полицијата казнила 46 пешаци, соопшти денеска СВР Куманово.

Loading...

– На подрачјето на Куманово во месеците јуни, јули сѐ до денеска изречени се вкупно 46 прекршочни платни налози на пешаците кои не ги почитувале сообраќајните знаци и прописи. Покрај овие санкции се преземаат и други мерки и поуки со кои се укажува на граѓаните како правилно да се движат на улиците, а притоа да се почитуваат сообраќајните знаци и прописи, информираат од полицијата.

Оттаму укажуваат дека се спроведува и посебна мерка, сообраќајна поука која поради ковид пандемијата и согласно протоколите за заштита и спречување за ширење на коронавирусот, последниов период се спроведува во просториите на НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово.

МИА