За оваа епизода на „Том и Џери“ се развија бројни теории на заговор (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Омилениот цртан филм „Том и Џери“ генерации на деца го гледаат од средината на 20 век кога за прв пат се појавија на филмското платно. Бројни контроверзии низ годините го придружуваа популарниот цртан филм, но една беше особено интересна.

Loading...

Имено, љубителите на теориите на заговор веруваат дека на крајот на епизодата емитувана во 1956 година, вечните ривали се самоубиле! И тоа не е сè.

Три работи кои се строго забранети во цртаните филмови на „Дизни“ (видео)

Не само што веруваа дека епизодата доаѓа до фатален крај, туку и тие мислиле дека ова е крај на целата серија цртани филмови за Том и Џери.

Во цртаниот филм во 1956 година, Том и Џери на крајот стигнуваат до железничките пруги и со тажните лица остануваат да седат на шините. Од овој крај на епизодата, започна мрачната легенда за крај на популарниот цртан филм.

Цртанот „Маша и медвед“ влегоа во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)

Сепак вистина е дека ова не беше последната епизода, имаше многу повеќе авантури на мачката и гушецот во текот на годините што следуваа. А во контроверзната епизода, Том и Џери разочарани седат на шините затоа што Том го остави девојката поради друг мачор, а Џери неговата глувица која среќно се вози со друг глушец во автомобил на кој пишува „штотук венчани“.

Loading...

Leave a Reply