Неделна прогноза за Куманово: Нова серија врнежи!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низа Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеооролошки раобит, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна ќе достигне 23 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  51-годишен кумановец натепан на градскиот плоштад

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 11 до максимални 19 степени целзиусови.

И во среда ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерено засилен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна ќе достигне 18 степени.

Четврток носи облачно време, но без врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југ и југоисток, кој на моменти ќе достигне брзина и над 40 километри на час. Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 20 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нормализиран сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка

 

Loading...

 

Во петок ќе имаме променливо време во комбинација со сонце, облаци и дожд. Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а максималната ќе достигне 24 степени целзиусови.

Сабота носи сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од минимални 13 до максимални 26 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 13 до максимални 27 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет екипи гаснеле пожар од Агино село преку Брзак до Романовце

 

 

Следната недела носи нова нестабилност со дожд и грмежи.

Loading...

Никола Ивановски