За новогодишно украсување на Куманово потрошени 1, 2 милиони денари

Сподели со своите пријатели

Со поставување сијалички, најразлични декорации и деветметараска елка на градскиот плоштад, заокружено е претпразничното украсување на Куманово. За украсувањето, како лани, и годинава се потрошени 1,2 милиони денари.

Loading...

Тендерот за избор на компанијата го спроведе јавното претпријатие „Куманово-Паркинг”.

Покрај градскиот плоштад украсени се и централните улици „Гоце Делчев”, „11 Октомври”, булеварите „Трета МУБ” и „Октомвриска револуција”. Градот ќе остане украсен до средината на јануари 2019.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, смета дека украсувањето како и претходните години се спроведува стандардно десетина дена пред Нова Година.

Не доцни украсувањето. Секогаш се украсува во овој период од годината. Ќе следуваат настани, манифестации, останува доаѓањето на Дедо Мраз на градскиот плоштад, концерт на домашни уметници. Реализираме тековни проекти, ги плаќаме заостанатите обврски, се покажа дека организирањето на заеднички пречек кога температурите се ниски нема голем интерес кај граѓаните кои традиционално ја пречекуваат Нова Година во домашна атмосфера, ресторани, кафе барови, вели Димитриевски.

Leave a Reply