За една недела во Македонија регистрирани само шест случаи на грип

Сподели со своите пријатели

Во текот на 41-вата недела од 2021 година (од 11-17.10.2021), во Република Северна Македонија пријавени се 6 случаи (I=0,3/100.000) на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, соодветно за овој период од сезоната во споредба со минатата сезона и просекот.
Сите заболени лица се регистрирани од Гостивар, 2 од нив се од возрасната група од 15-64 и 4 лица на возраст над 65 години.

Loading...

Во текот на 41-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнаа 208 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 6 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19 и истите се со негативен резултат за присуство на инфлуенца вирусот.
Досега е пристигнат 221 материјал паралелно тестирани за грип и COVID-19 и сите се со негативен резултат за присуство на инфлуенца вирусот

Вакцинација против грип

Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје дава препорака за целото население, особено за лица со хронични заболувања и лица со состојби на намален имунитет, да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за 41-ва недела 2021 година, активноста на вирусот на грип е на ниско ниво, а во Хрватска и Киргистан се регистрира рано зголемување на активноста како резултат на инфекции со A(H3).

Спорадично е детектиран вирусот на грип кај примероци од лица со респираторни заболувања кои се јавуваат на медицинска нега што е минимално зголемување во споредба со претходната недела. Откриени се Influenza A и B, при што преовладува подтипот А(H3).

Интегрално соопштение: Институт за јавно здравје

Loading...