За една недела двојно зголемен бројот на активни случаи во Куманово

Сподели со своите пријатели

За само една недела бројот на активни случаи на ковид-19 на подрачјето на Куманово е зголемен скоро за 2,5 пати.

Loading...

Во понеделник на 19ти јули бројот на активни случаи изнесувал 13, а денеска таа бројка е 32.

 

 

Вкупно 23 случаи на ковид-19 се регистрирани во текот на изминатата седмица, а најголем дневен скок на бројот на заболени е регистриран во петок, кога на листата позитивни на коронавирусот се најдоа 15 лица.

Од почетокот на пандемијата 8.913 случаи, заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство. Вкупно 355 лица досега починале од Ковид-19, со што Куманово е на третото место во државата зад Скопје и Прилеп. Оздравени се 8.526 пациенти.

 

Loading...

 

Според податоците од изминатата недела нешто над 20 проценти од населението во Куманово примило вакцина против коронавирусот.

Никола Ивановски

Leave a Reply