За една недела 53 нови случаи во Куманово и Липково, починаа осум лица

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела Центарот за јавно здравје регистрира вкупно 53 случаи позитивни на коронавирус, додека починати се осум лица.

Loading...

По општини, поголем број заболени регистрира Општина Куманово, каде од 15ти јуни заклучно вчера новозаболени се 35 лица, додека во соседната Општина Липково за истиот период регистрирани се 18 случаи.

Осум лица починаа како последица на коронавирусот, од кои пет од Куманово и тројца од Липково.

Според последните податоци на Министерството за здравство бројот на активни случаи во кумановско-липковскиот крај изнесува 239, а од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 692 случаи на коронавирус.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply