Вучиќ прогласи апсолутна победа, Дачиќ најави оставка

Сподели со своите пријатели

Српскиот претседател Александар Вучиќ, чие име го носеше изборната листа на владејачката Српска напредна партија (СНС), соопшти дека на предвремените парламентарни избори освоил апсолутно мнозинство и дека СНС победила на изборите во Белград.

Loading...

Според проекциите на Испос, листата на Вучиќ освои 128 од 250 мандати во српскиот парламент.

Вучиќ во изборниот штаб на СНС рече дека врз основа на досега преброените два милиони гласови, СНС никаде во Србија не добила помалку гласови отколку на изборите пред една година, туку 10 отсто повеќе од 2022 година.

Тој рече дека, според резултатите на СНС, листата на опозициската коалиција „Србија против насилството“ е втора по бројот на освоени гласови, со 28 до 29 отсто од гласовите. Според Ипсос, тој носи 66 мандати во парламентот.

„Водиме и во Белград“

Листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да застане“ освои 38,5 отсто од гласовите на изборите за градското собрание на Белград, а на второто место е листата „Србија против насилството“ со 35 отсто поддршка од гласачите, рече тој.

Следува конзервативната коалиција НАДА со шест отсто од гласовите, Социјалистичката партија на Србија (СПС) на шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ ќе има 5,4 отсто, а на листата на доктор Бранимир Несторовиќ околу 5,1 отсто.

Дачиќ најави оставка

Дачиќ му ја честиташе победата на Вучиќ, велејќи дека не е задоволен од резултатот на неговата партија, но е подготвен да ја продолжи соработката со СНС доколку тоа е „нивна одлука“.

Тој посочи дека по овие изборни резултати треба да се бара нов лидер на СПС.

Loading...

Од 120 мандати во Собранието на Војводина, на листата „Србија не смее да застане“ ќе има меѓу 67 и 69 претставници, „Србија против насилството“ од 28 до 29, Алијансата на војводинските Унгарци девет, Социјалистичката партија на Србија седум, Конзервативната коалиција НАДА шест, а Руската партија еден мандат, објави Вучиќ на прес-конференција во седиштето на СНС.

Секогаш кога ќе ве отпишат, тогаш уште посилно се борите“, им порача Вучиќ на семејството, меѓународната заедница и сограѓаните на крајот од своето обраќање.