Втората пратка вакцини од Србија пристигна во Македонија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вториот дел од договорените вакцини како донација од Србија денеска беа донесени на граничниот премин Табановце. Станува збор за пратка од 3.510 дози вакцини, што е вкупно 8.190 вакцини.

Loading...

 

 

-Исклучително ми е драго да им помогнеме на колегите, да имаме подобрена здравствена состојба во регионот. Нашата цел е да продолжиме со помошта.- изјави Златибор Лончар, министер за здравство на Србија.

 

Оваа количина ќе биде доволна за сите здравствени работници кои во моментов имаат приоритет.

Loading...

-Овој начин на солидарност која беше иницијатива на Зоран Заев и Александар Вучиќ се реализира и во втората фаза. Започнавме со имунизација на здравствените работници која се одвива одлично. Досега се вакцинирани 1300 задравствени работници, и со динамика 200 до 300 на ден продолжуваме понатаму.-рече Венко Филипче, министер за здравство на Република Македонија.

 

Србија досега има набавено околу 2 милиони вакцини, вакцинирани се милион жители дел од нив и ревакцинирани.

Искуството на Србија говори дека не треба да има опуштање по примање на првата доза, затоа што луѓето се опуштаат а со тоа доаѓа до повторен раст на заболени поради непочитување на мерките за заштита.

Вакцините пристигнаа со приватно возило од српска страна, беа прегледани од царински служби на Македонија и агенција за лекови, по што со комбе ќе бидат пренесени на клиниката за трансфузиологија во Скопје.

 

Loading...

Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4 680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Преговорите за донација на 8 000 вакцини од Србија почнаа на средината на јануари.

 

Текст: М. Ф. / фото: Никола Ивановски

Leave a Reply