Врнежи од дожд и снег, а наместа и замрзнат дожд

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше облачно, во текот на ноќта со врнежи од дожд, пообилни во северозападните делови. На планините во северните делови имаше врнежи од снег.

Loading...

Утрово врнежите речиси на секаде престанаа. Дуваше слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен ветер од северен и северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северните делови со повремен снег, а можна е и локална појава на замрзнат дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела, особено во западните делови (над 25 л/м2) и ќе бидат претежно од дожд.

Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Максималната температура ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со комбинација на врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен, односно северозападен правец.

Утринската температура изнесуваше еден степен над нулата, а дневниот максимум се очекува да достигне само три степени.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply