Врховниот суд во Тексас привремено и забрани на жените абортус на фетус со аномалии

Сподели со своите пријатели

Врховниот суд во Тексас привремено ѝ забрани на бремената Кејт Кокс да абортира фетус со абнормалности, откако одлуката на судот во четвртокот ѝ даде медицински исклучок од законот кој дозволува прекинување на бременоста до шестата недела.

Loading...

Забраната стапи на сила неколку часа откако државниот обвинител Кен Пакстон поднесе жалба и се закани дека ќе ги гони лекарите или болниците во случаите на абортуси, јавува Си-Ен-Ен.

Откриена е хромозомска аномалија и деформација на ‘рбетот кај фетусот, а на трудницата ѝ било кажано дека продолжувањето на бременоста може да ги доведе во прашање нејзиното здравје, плодност и живот.

31-годишната мајка на две деца неколку пати била принудена да оди на Итна помош поради силни грчеви и губење на течности, но и покрај ризикот, на лекарите со закон им е забрането да вршат абортуси.

Обвинителот Пакстон изјавил дека трудницата не успеала да докаже дека е во „ризик од смрт или сериозна телесна повреда“.

Адвокатите на Кејт Кокс објавија дека државата (Тексас) тврди дека има моќ, без оглед на желбите на Кокс и нејзиното семејство, како и добронамерните совети на лекарите, да ја цени неодржливата бременост повеќе од животот на бремената Кокс и животите на идните деца, кои нејзиниот сопруг и тие се надеваат дека ќе ги имаат.