„Време е Европската унија да „размисли за задолжителна вакцинација“

Сподели со своите пријатели

Време е Европската унија да „размисли за задолжителна вакцинација“ против Ковид, изјави вчера шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, нагласувајќи дека за тоа на крајот ќе одлучат владите на земјите-членки.

Loading...

„Мојот личен став е дека е сосема разбирливо и соодветно да се започне оваа дискусија сега“, рече Фон дер Лајен на прес – конференција во Брисел.

На прашањето дали ја поддржува одлуката на грчката влада да наметне месечна казна од 100 евра за оние над 60 години кои не биле вакцинирани против Ковид-19, Фон дер Лајен рече дека ширењето на болеста и ниските стапки на вакцинација во некои делови на ЕУ значи задолжителна вакцинација да биде една од опциите.

Во своето обраќање пред печатот, фон дер Лајен, кој по професија е доктор, рече: „Имаме вакцини, вакцини кои спасуваат животи, но тие не се користат соодветно насекаде. Тоа чини… Носи огромна цена за здравјето “.

„Една третина од европската популација не е вакцинирана… не може сите да се вакцинираат, децата на пример или луѓе со одредени медицински состојби – но огромното мнозинство може“, рече шефот на ЕК.

„Треба да разговараме за тоа како да ја поттикнеме вакцинацијата и потенцијално да размислиме за задолжителна имунизација во рамките на Европската унија. Ни треба заеднички пристап, но треба да разговараме“.

Здравствената политика е одговорност на државите, а се поголем број членки на ЕУ се одлучуваат за некоја форма на задолжителна вакцинација.

„Гардијан“ наведува дека идниот германски канцелар Олаф Шолц го поддржува тој пристап, а соседна Австрија исто така размислува како да ја направи вакцинацијата задолжителна од февруари.

Loading...

Грција одлучи во вторникот за задолжителна вакцинација за оние над 60 години во обид да го заштити оптоварениот здравствен систем. Околу 63 отсто од грчката популација од 11 милиони е целосно вакцинирана, но околу 520.000 луѓе постари од 60 години не ја примиле вакцината.

Стапката на вакцинација е многу нерамна во блокот од 27 нации. Португалија, Малта, Шпанија, Италија, Ирска, Франција и Белгија вакцинирале над три четвртини од населението, додека источните членки Бугарија, Романија, Словачка и Хрватска вакцинирале помалку од половина.

Фон дер Лајен вчера изјави дека компаниите Фајзер и Модерна до крајот на март ќе испорачаат 360 милиони дози, што значи дека ќе има доволно таканаречени бустер дози.

„Тоа е добра вест. Значи, земете ја третата доза “, рече таа.

Во случај вакцините да не обезбедат доволен степен на заштита од новиот сој на вирусот омикрон, истражувачите веруваат дека можат да ги приспособат своите производи во рок од 100 дена.

Шефот на Европската комисија вчера изјави и дека компанијата „Фајзер“ ќе обезбеди вакцини за децата во ЕУ во рок од две недели.

Таа рече дека разговарала со германско-  американските производители и дека тие и рекле дека „може да го забрзаат процесот, односно дека вакцините за деца ќе бидат достапни на 13 декември“.

Таа рече дека „ако ги погледнете бројките што ги имаме сега, 77 проценти од возрасните во ЕУ се вакцинирани, или ако се погледне целото население, таа бројка е 66 проценти – што значи дека една третина од европската популација не е вакцинирани, што е околу 150 милиони луѓе“.

Loading...

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) вчера соопшти дека треба да се земат предвид потенцијалните придобивки од вакцинирањето на децата на возраст од 5 до 11 години, бидејќи старосната група во последно време има зголемен удел во вкупниот број на заразени и хоспитализирани.

ECDC рече дека има причина да верува дека програмата за вакцинација меѓу децата ќе има значително влијание врз ширењето на болеста во заедницата.