Вредна верверица: За четири дена, сокрила 70 килограми ореви во автомобилот

Сподели со своите пријатели

Сопственик на „Шевролет лавина“ го нашол своето возило полно со ореви, откако го оставил паркирано четири дена.

Loading...

Верверичките се многу слични со луѓето по тоа што можат да планираат однапред за управување со резервите на храна во текот на долг временски период. Сепак, овие мали глодари не се секогаш во можност да го изберат вистинското место за чување на нивната храна.

Така, една верверица одлучила да ги чува оревите што ги собирала за зимата во моторниот простор на возилото.

Сопственикот на возилото, Бил Фишер од Северна Дакота, САД, го пронашол својот „Шевролет лавина“ полн со ореви, откако го оставил паркиран четири дена. На фотографиите објавени на социјалната мрежа, Фишер покажува кофи од 19 литри исполнети до врвот со резерви од оваа вредна верверица.

Фотографиите исто така покажуваат дека секој слободен агол под хаубата и браниците биле исполнети со ореви.

 

 

Loading...

Фишер на крајот морал да ја отстрани целата предна рамка на возилото за да исчисти.

„Морав да ги тргнам браниците и да ги извадам сите ореви “, рече тој, истакнувајќи дека неговите напори не биле 100% успешни.

„Сеуште слушам како нешто се тркала внатре во возилото, веројатно во делови од автомобилот до кои не можам да се приближам“, додаде Фишер.

 

 

Една фотографија што ја објавил покажува дека успеал да наполни вкупно седум кофи со ореви извадени од возилото. Со секоја кофа која тежеше околу десет килограми во просек, оваа вредна верверица успеа да собере вкупно преку 70 килограми ореви за зимата.

За жал, сите нејзини напори биле залудни.

Loading...