Воздушна опасност ширум Украина, експлозии во Киев

Сподели со своите пријатели

Во цела Украина е прогласена воздушна опасност, а во Киев одекнале експлозии, јавуваат украинските медиуми.

Loading...

Украинското воено воздухопловство предупреди дека постои ризик од ракетен напад на целата територија на земјата, пишува Украинска Правда.

Според извештаите, руските сили лансирале ракети Кинжал од авион МГ-31Х во правец на регионот Киев.

Противвоздушната одбрана е активна во Киев.

Градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека во градот се слушаат експлозии и ги повика граѓаните да останат во засолништа, пренесува Танјуг.