Возач тешко повреден во сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

На автопатот Скопје – Куманово, на исклучокот за обиколницата на град Скопје, вчера околу 07:30 часот патничко возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(28) од с.Инџиково, скопско, излетало од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Leave a Reply