Возач на мопед тешко повреден во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец викендов се здобил со тешки телесни повреди при судир „форд“.

Loading...

– На 30.03.2024 во 17.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Братство- единство“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од А.Ш.(41) од Куманово и патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(40) од с.Романовце-кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Тромеѓа нападнат во Пчиња

Никола Ивановски