Вонредна крводарителска акција во четврток во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вонредна крводарителска акција во четврток ќе се одржи на Одделението за трансфузиологија во Куманово со времетраење од 9 до 14 часот, во организација на Општинската организација на Црвен крст од Куманово.

Loading...

– Ве повикуваме заеднички во овие тешки моменти соочени со мали резерви на крв, низ највисокиот чин на хуманоста да ги зајакнеме резервите на крвни едници. Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија, информираат од ООЦК.

Како што појаснуваат, нема ризик за добивање на КОВИД-19 преку процесот на крводарување, бидејќи респираторните вируси не се пренесуваат преку дарување или со трансфузија на крв.

Никола Ивановски

Leave a Reply