Воен хеликоптер се урна на Филипините, пилотите загинаа

Сподели со своите пријатели

Во падот на хеликоптер на филипинската воена морнарица, кој се урна рано утринава јужно од главниот град Манила, загинаа двајца пилоти, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Во соопштението се наведува дека нема жртви на теренот каде што се урнал хеликоптерот кој за малку ќе го погодел овошниот пазар каде во моментот имало голем број луѓе, како и населено место во градот Кавите, кој се наоѓа околу 20 километри од Манила.

Портпаролот на армијата, полковник Франсел Падила изјави дека причината за несреќата се уште не е позната, но дека двајцата пилоти кои загинале „ги извршиле сите итни процедури“.

Полициски истражител изјави за АП дека хеликоптерот полетал од аеродромот Сенгли на рутински тренинг лет околу провинцијата Кавите и се урнал околу 10 минути подоцна.

Службите за итни случаи и спасувачите ги извлекле пилотот-инструктор и неговиот колега од урнатините, но во болницата била констатирана смрт.