Во завршна фаза е уредувањето на Спомен Костурница (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во завршна фаза е проектот за уредување на спортско-рекреативниот комплекс Спомен Костурница.

Loading...

 

 

Како што информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, поставена е вештачка трева и заштитна ограда со метална конструкција од 3 метри на 3 фудбалски терени со вкупна површина од 2400м2, поставени се нови клупи, соблекувална и асфалтиран е нов паркинг простор.

 

 

Loading...

– Активно се работи на изградба на амфитеатар, поставување на кошаркарско игралиште, тениски терен и детско катче, додава градоначалникот.

 

 

Следува поставување на фитнес справи за вежбање на отворен простор, вели тој, а и уредување на трим патеки и поставување дополнителна урбана опрема.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...