Во тек е внатрешно уредување на спортска сала во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во тек е внатрешно уредување на спортска сала, информираше на последниот брифинг со медиумите, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Loading...

Тој додаде дека се подготвува и просторот за поставување на подови и дополнително се уредуваат местата за седење во салата.

– По завршување на овие опфати ќе се работи на изградба на комплетно ново борилиште или монтажа на нов современ под, соопшти Димитриевски.

Реконструкцијата на трибините во спортската сала во Куманово, почна лани во август. Тогаш за реконструкцијата на внатрешноста во салата Куманово општината одвои над 12 милиони денари.

Кон крајот на декември, 2021 заврши пак санацијата на кровната конструкција на спортската сала која се спроведуваше преку проект од програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој од 2020 година со учество на општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

За проектот беше потпишан договор за градба, средствата во вредност од 23 милиони 430 илјади денари беа обезбедени преку програмата, а општината учествува со 830.000 денари, соопштија тогаш надлежните од Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Кумановскиот градоначалник, претходно информираше дека спортската сала ќе се реконструира постепено во неколку фази, согласно обезбедените средства.

Спортската сала е еден од четирите големи спортски објекти, Соколана, градски стадион и стрелиште кои Владата ѝ ги врати во владение на општина Куманово.

Loading...

МИА