Во Шпанија девојчињата од 16 и 17 години ќе абортираат без согласност од родителите

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот парламент денеска усвои закон за сексуално и репродуктивно здравје со кој на девојчињата на возраст од 16 и 17 години им се дозволува да абортираат без согласност од родителите и платено боледување за жените кои страдаат од болни менструации.

Loading...

„Овие подобрувања обезбедуваат слобода над телото и го потврдуваат статусот на полноправни граѓани за половина од нашето население“, рече министерката за родова еднаквост Ирене Монтеро пред гласањето, кое помина со 190 гласа „за“, 154 „за“ и пет воздржани.

Законот вклучува и бесплатна дистрибуција на менструални производи во јавните институции

Законот, на кој се спротивставија конзервативните активисти и Католичката црква, беше воведен од владејачката левичарска коалиција во мај.

Според него, се укинува тридневниот период на „размислување“ за жените кои сакаат да абортираат и се укинува обврската на девојчињата на возраст од 16 и 17 години да добијат родителска согласност за постапката.

Законот вклучува и платено боледување за жените од 39 недела од бременоста, бесплатна дистрибуција на менструални производи во јавни институции како што се училишта, затвори и болници, а сурогат мајчинството, кое е нелегално во Шпанија, се дефинира како форма на насилство врз жените.

Законот сега оди во Горниот дом на парламентот на конечно усвојување.