Во Североистокот лани повеќе починати од новородени

Сподели со своите пријатели

Североисточниот регион во Македонија што ги опфаќа општините Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане, бележи рекордни по однос на морталитетот, при што повеќе лица лани починале од што биле родени деца, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Loading...

Лани на територијата на овие општини биле родени 1.504 деца, но починале 2.119 лица. Споредбено со 2019 година родени се 91 дете помалку, а починале рекордни 453 лица повеќе.

 

 

Природниот прираст за 2020 година во Североистокот бил негативен со -615.

Просечна возраст на мајките кои родиле лани во најголемиот регион во Македонија изнесува 29,2 години во урбаните, и 27,9 години во руралните средини.

Просечна возраст на починати е 73,2 години, при што повисок животен век имаат лицата во урбаните средини каде просечната возраст на починатите била 73,8 години, додека во руралните средини 71,3 години.

Loading...

 

 

Кога станува збор за внатрешните миграции, во Североисточниот регион лани биле доселени 179 лица, од кои 100 во урбаните средини. За истиот период се отселиле 322 лица. Од село во град во регионот мигрирале 65 лица, а 41 се преселиле од град во село.

Слична е бројката кога станува збор и за надворешни миграции. Од Североистокот во останатите региони низ државата лани се преселиле 186 лица, додека 74 лица животот го продолжиле во некоја друга држава.

Никола Ивановски

Leave a Reply