Во селото Арбанашко завеани неколку патни правци

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден, поточно во 10 часот до Регионалниот центар за управување со кризи било доставена информација од претседателот на Месната заедница Арбанашко дека во селото се завеани неколку патни правци.

Тој ги информирал надлежните дека на неколку патни правци има снежни намети и со тоа сообраќајот е отежнат, делумно и оневозможен за луѓе и моторни возила.

Посебен проблем претставува почетокот на учебната година и оневозможувањето на учениците да стигнат до своите училишта, но и евентуалната потерба од возилата на Итната медицинска помош.

Според доставените информации, како делумно или целосно непроодни се наведени патни правци: с.Арбанашко­с – Буковљане, ­ с.Арбанашко­ – с.Цветишница, и ­ с.Арбанашко – ­ с.Длабочица.

Наведеното веднаш било доставувено по електронски пат до Општина Старо Нагоричане со цел да се преземат соодветни мерки согласно надлежностите и обврските на Општината, информираат од РЦУК.