Во Њујорк со закон е забранета дискриминацијата на гојазни луѓе

Сподели со своите пријатели

Њујорк донесе закон со кој се забранува дискриминација врз основа на тежина.

Loading...

Градските советници кои го поддржаа донесувањето на законот изјавија дека дебелите луѓе имаат потешкотии во рестораните и театрите, а истакнаа и дека луѓето со прекумерна тежина биле дискриминирани при делењето велосипеди од градските власти, јавува Би-би-си.

Од друга страна, лидерот на опозициските републиканци во градското собрание на Њујорк, Џозеф Борели, изјави дека е загрижен оти законот ќе доведе до тоа њујорчани да тужат секого и сè.

„Имам прекумерна тежина, но не сум жртва. Никој не треба да се чувствува лошо за мене освен копчињата од кошулата“, изјави тој за Њујорк Тајмс, пренесе Танјуг.

Во САД, повеќе од 40 отсто од возрасните граѓани се дебели, а студиите покажуваат дека дискриминацијата е распространета.