Во нарушена здравствена состојба пронајден исчезнатиот кумановец

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и едногодишниот кумановец пријавен е пронајден, но поради влошена здравствена состојба е пренесен во Општа болница Куманово.

Loading...

– Денеска (11.02.2022) во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го пронашле Б.З.(71) за кого на 10.02.2022 беше пријавено дека се оддалечил од домот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил со нарушена здравствена состојба и бил пренесен во Општа болница Куманово за понатамошно лекување.

Никола Ивановски