Во нападите во Украина оштетени капацитети за производство и дистрибуција на струја

Сподели со своите пријатели

Украинските власти во четвртокот наутро известија за експлозии во североисточните, јужните и западните региони на земјата, во услови на нов бран руски ракетни напади за кои Киев рече дека ја оштетиле електричната мрежа на земјата.

Loading...

Експлозии се слушнале во украинскиот град Харков, изјави градоначалникот Ихор Терехо на апликацијата за пораки Телеграм, како и во регионот Запорожје, според регионалниот гувернер Иван Федороа, исто така на истата апликација.

Гувернерот на западниот регион Лавов, Максим Козицки, на Телеграм објави дека во таа област дејствува противвоздушна одбрана.

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко на Телеграм изјави дека нападите биле насочени кон објекти за производство и дистрибуција на електрична енергија во регионите Харков, Запорожје, Лавов и Киев, пренесува Ројтерс.