Во Куманово запалени оџаци на три различни локации

Сподели со своите пријатели

Кумановската противпожарна единица изминативе 24 часа гасела пожари на три запалени оџаци, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Loading...

Оџак на семеен дом горел во село Љубодраг вчера по 21 часот, за половина час го изгасиле тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Од 22:45 до 23:15 часот, пожаринкарите гаселе пожар на запален оџак на куќа во населбата „Карпош“.

Претходно, кумановските пожарникари интервенирале и на улицата „Народна Револуција“ каде гаселе пожар на запален оџак од 10:55 до 11:15 часот.

МИА