Во Куманово отворена изложбата „Retroactive retrospektive“ на Дороти Пачкова

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово денеска беше отворена ретроспективната изложба на Дороти Пачкова – „Retroactive retrospektive“.

Loading...

 

 

Изложбата содржи триесеттина акрилици, слики, фотографии, документи од сите творечки фази на авторката Пачкова, а целиот проект е подржан од страна на Министерството за култура.

 

 

Loading...

Проектот „Retroactive – retrospective“ – ретроспективна изложба на Дороти Пачкова подразбира едно сублимирано резиме на досегашната творечка активност на оваа авторка на полето на визуелните уметности.

 

 

Дороти Пачкова е родена 1985 г. во Скопје, Македонија. По завршување на  средното уметничко училиште во Скопје, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на Катедрата по сликарство, во класата на проф. Жанета Вангели.

 

 

Loading...

Магистрира на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје на насока – Родови студии, под менторство на Катерина Колозова и коменторство на Бранимир Јовановиќ.

 

 

Поставката ќе биде достапна за посетителите до 09.11.2021.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Фото: Никола Ивановски