Во Куманово одбележан Денот на независноста (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Со положување свежо цвеќе денеска пред споменикот Жена борец на плоштадот во Куманово свечено беше одбележан Денот на независноста, 8ми Септември.

Loading...

 

 

Политички партии, невладини организации, здруженија на граѓани, училишта, претставници од Здружението на борци на НОБ и граѓани денеска пред споменикот положија свежо цвеќе.

 

 

Loading...

Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски рече дека Куманово, како град каде пукнала првата пушка е пример за тоа како се градела државата.

– Денеска сме општина без долгови, општина каде сожителството на етничките заедници е пример, општина во која градиме услови за сигурен и безбеден живот, нудиме перспективи, општина каде се уште се помага кога некому треба помош. Затоа што подадената рака не се суши. Тоа најдобро го знаат моите сограѓани. Со еден збор Куманово е Македонија во мало. Наша должност е да продолжиме по овој пат. Да дадеме шанса на секој граѓанин, но пред се да им дадеме шанса на младите да го продолжат она што го започнавме, рече Димитриевски.

 

 

Свеченоста беше збогатена со рецитати на ученици од СОУ „Перо Наков“.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply