Во Куманово денеска ветер и до 65 километри на час

Сподели со своите пријатели

Времето во Македонија во текот на првата половина од ноќта беше облачно, на повеќе места со врнежи од снег. Изутринава е променливо облачно со локален снег. Дуваше умерен, на места засилен ветер од северен правец, кој во Штип надминуваше 60 км/ч.

Loading...

Во текот на денот ќе имаме променливо облачно и постудено време. Претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (над 70км/ч.), особено вдолж Повардарието и во источните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до засилен ветер кој на моменти ќе достигне и брзина од 60 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна ќе достигне два степени целзиусови.

Loading...

 

 

Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

 

Никола Ивановски