Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваат 497 болни

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 497 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Loading...

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, тројца во ковид-центарот на Клниката за неврологија, четири пациенти на Институтот за ТБЦ, двајца на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Очната клиника и двајца на Клиниката за гастроентерохептологија. На ОРЛ се примени два нови болни.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 14 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациент со симптоми на корона вирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 28 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 152 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти.

Вкупно 497 пациенти потврдени и сомнителни на КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Loading...

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка. 

Ирена Радовановиќ

Leave a Reply