Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 43 пациенти, вкупно се лекуваат 433

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани се 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Loading...

Во последното деноноќие, како што се посочува, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа седум пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за неврологија, еден на Клиниката за дерматовенерологија, еден пациент на ковид одделението на Клиниката за гастроентерохепатологија и шест пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 15 пациенти, а на Инфективната клиника десет пациенти.

На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациенти со симтоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица. Во ГОБ „8 Септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 163 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти, од кои 11 деца и 28 возрасни.

Од неделата, пациенти сомнителни и потврдени за Ковид-19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени 14 пациенти и има уште 11 слободни кревети.

Вкупно 433 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Во наредните неколку дена со работа ќе почне и ковид центарот на Клиниката за оториноларингологија. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.

Рената Пепељугоска

Leave a Reply