Во Канада собир за поддршка на Израел

Сподели со своите пријатели

Неколку илјади луѓе се собраа пред канадскиот парламент во Отава за поддршка на Израел во неговата војна против Хамас.

Loading...

Десетици автобуси беа изнајмени од Монтреал или Торонто, каде живеат големи еврејски заедници.

„Важно е да бидеме обединети, да ги поддржуваме Евреите, да ја браниме демократијата и да се бориме против омразата“, изјави за АФП во понеделникот вечерта Сара Лефтон од федерацијата Обединети еврејски апел, едно од здруженијата што го организираа собирот, пренесува Бета-Франс прес.

Многу демонстранти носеа израелски знамиња.

Еврејските училишта, синагогите и центарот на еврејската заедница беа цел на истрели или молотови коктели во Монтреал во последните неколку недели.

Најмалку 1.200 луѓе се убиени во Израел од почетокот на конфликтот, од кои повеќето беа цивили масакрирани на денот на нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври.

Како одговор на тој напад, Израел рече дека сака да го „уништи“ Хамас со немилосрдно гранатирање на Појасот Газа, опколена територија дом на 2,4 милиони Палестинци.

Според Хамас, од 7 октомври таму се убиени повеќе од 15.000 луѓе, главно цивили.

Loading...