Во кафеана и кафуле ќе можат и оние кои прележале Ковид

Сподели со своите пријатели

Освен граѓаните што примиле најмалку една доза вакцина против коронавирусот, на настаните во затворен простор од 16ти месецов, ќе може да присуствуваат и оние граѓани што го прележале Ковид-19.

Loading...

Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој додаде дека за тоа е потребна само потврда за прележан ковид и ќе важи само 45 дена.

– Тој период е за да поминат неопходните 30 дена по оздарвувањето, 15 тина дена да се организира вакцинацијата. Единствено решение е да се зголеми опфатот со вакцинација, верувам граѓаните ја разбраа пораката за мерките и сакам да им се заблагодарам. Ако граѓаните имаат дилема сакам да ги охрабрам да одат да се вакцинираат, тоа е начинот со којшто ќе постигнеме колективен имунитет, ќе имаме нормален живот, ќе може да функционираме, да живееме, да работиме, да бидеме продуктивни и да ги вратиме назад нашите животи. Доказ за тоа е дека популацијата на вакцинирани граѓани, заболува во исклучително мал процент – изјави министерот Филипче.

По завршувањето на првите 45 дена, од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина.

Инаку за два дена стартуваат новите рестриктивни мерки што се однесуваат само на оние граѓани кои сѐ уште не се вакцинирани против ковид 19.

Така согласно новите мерки, потврда за најмалку прва доза вакцина ќе биде потребна доколку сакате да влезете во кафуле или било кој друг угостителски објект или затворен простор каде се одржува настан и каде во тој момент има повеќе од 30 лица.

Станува збор за сите типови настани од прослави, концерти, семинари, обуки, работилници, конференции, културни и спортски настани, а самите угостителски објекти, односно организатори на настаните ќе мора да имаат лице кое ќе врши редарска служба на влезот.

Секој угостител кој ќе ги прекрши новите мерки може да се соочи со казна и до 30.000 евра од Државниот пазаране инспекторат, додека гост кој нема да се придржува до мерките, ќе се соочи со казна од 200 евра што ќе може да му ја напише полицијата.

Loading...

Никола Ивановски