Во израелските напади ноќва во Газа убиени 65 лица, вкупно 32.000 жртви

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство во Појасот Газа, со кое раководи Хамас, денеска соопшти дека во синоќешните израелски напади загинале најмалку 65 Палестинци, а 92 се ранети.

Loading...

Како што се наведува во соопштението, 31.988 Палестинци се убиени, а 74.188 се ранети во израелските напади врз Газа од почетокот на Хамас-израелската војна на 7 октомври минатата година.

Министерството не прави разлика меѓу цивили и борци, но постојано е наведено дека две третини од жртвите се жени и деца, пренесуваат агенциите.