Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 3 нови пациенти

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 3 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 100 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Loading...

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два примени пациенти и еден бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 17 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 35 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 48
пациенти.

Вкупно 100 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Loading...

Leave a Reply