Во Црна Гора повеќе туристи од лани: Србите најбројни гости!

Сподели со своите пријатели

Во јули во Црна Гора се регистрирани 20,77 отсто повеќе туристи отколку во истиот период лани, односно 0,77 отсто повеќе од рекордната 2019 година, објави Националната туристичка организација на Црна Гора.

Loading...

Како што се наведува, најбројни се туристите од Србија, кои во првите пет месеци учествувале во колективното сместување со околу 11 отсто во вкупната структура на пристигнувања странски гости, односно со 19 отсто повеќе во однос на претходната година.

Се посочува дека најголем пораст е забележан кај посетите на националните паркови на Црна Гора, кои ги посетиле речиси 270.000 туристи, односно дури 70 отсто повеќе од лани.

Туристичките организации и рестораните на северот на Црна Гора посочуваат дека годинава има исклучително голем интерес гостите да престојуваат на свеж воздух и во недопрена природа, што го потврдува и исполнетоста на сместувачките капацитети – во Жабљак има 12 проценти зголемување на посетите, додека во Колашин има дури четири посети повеќе туристи од лани.

Вкупните приходи од туристички такси досега достигнаа бројка од пет милиони евра, што претставува зголемување од 47 отсто во однос на претходната година, соопшти Националната туристичка организација на Црна Гора.

Раст во сообраќајот и бројот на патници бележат и аеродромите во Црна Гора, каде во првите шест месеци од годинава е забележан раст на авионскиот сообраќај за 14 отсто, а бројот на патници е зголемен за 43 отсто во однос на истиот период минатата година.