Во четврток прскање против комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неделава на подрачјето на Куманово, ќе се спроведе четвртиот третман на терестична и адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци, информираа денеска од општината.

Loading...

– Се известуваат граѓаните на Општина Куманово дека на 18.08.2022 година (четврток) во 00:00 часот, на територијата на Општината ќе се изврши четврти третман на терестична и адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци. Неопходно е пчеларите да преземат конкретни чекори за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

По претходно објавен тендер, општина Куманово годинава, склучи договор со избраната фирма „Плант Медика“ за 1.180.000 денари која ги извршува услугите за запрашувања против инсекти, дезинсекција, дератизација, против крлежи, лебарки и комарци на подрачјето на Куманово.

Третманите се спроведуваат во неколку наврати годишно.

Со посебен тендер се врши и авионска дезинсекција. Општината во средината на јули, избра економски оператор за авионско прскање против комарци.

За авиотретирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Биро за лекови, општината одвои 472.000 денари со вклучен данок на додадена вредност.

На повикот кој беше објавен по вторпат, бидејќи првиот оглас беше поништен избрана е компанијата „Бониер“ ДООЕЛ Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

МИА

Loading...