ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на Собранието и вондредни избори

Сподели со своите пријатели

ВМРО-ДПМНЕ бара итно распуштање на Собранието и одржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателски ова го изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, откако вечерва беа изгласани уставните измени со кои се менува името на државата.

Loading...

Како што посочи Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ не ја подржува промената на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, промената на идентитетот, културата и историјата, и тој став е непроменет и конзистентен, и се темели на партиската идеологија, партиската програма, резолуции, акти и документи, и е базиран на одлуката на народот потврдена на референдумите на 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година.

-ВМРО-ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на уставното име, промената на идентитетот, историјата, културата и образованието се направи на противуставен, противзаконски, нелегитимен, насилен и криминален начин, по пат на притисоци, закани, уцени и пазарења.

Leave a Reply