Влакната на четката за заби, со причина имаат различни бои: Не се само поради изгледот! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Веројатно сте забележале дека влакната на четката за заби се претежно разнобојни. Причината за тоа не е (само) естетски по природа, туку и практична.

Loading...

Една жена по име Џес, која работи како учителка во Онтарио, објасни на ТикТок зошто влакната на четката се разнобојни и запрепасти многумина.

“Бојата која има најмалку – обично е одозгора, служи за да ви покаже колку навистина ви е потребна паста за заби. Не е неопходно да се нанесува пастата по целата должина на четката”, објаснува таа во видеото.

Џес потоа ја покажува четката за заби што ја држи во рака и додава: „Потребна ви е паста за заби со големина на грашок, тоа е темносиниот дел овде“.

Таа истакна дека е така и со детските четкички за заби, само што тие имаат најмал дел од бојата на која треба да ставите паста за заби, најчесто во средината.

„Еве детска четка за заби, можете да ја видите сината боја во средината која ви покажува колку паста за заби ви треба“, вели таа подоцна во видеото.

Многумина беа навистина изненадени од ова откритие, а доказ за тоа се коментарите: „Е, тогаш, мојот живот е лага и не знам како да правам ништо“, „Луд сум… ова не го знаев предходно“.

 

Loading...
@jmac8781 stop wasting toothpaste#lifehack#todayyearsold#thingsyoudidntknow#didyouknow#toothbrushhack#hacks#lifelesson#over30#over40#over50#over60#over70 ♬ Taste It – Ikson