Владата утре ќе одржи седница во Куманово

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија утре во 19:00 часот ќе одржи своја редовна седница во Занаетчискиот дом во Куманово.

Loading...

Покрај премиерот, на седницата ќе присуствуваат сите министри, како и градоначалниците на општините од Североисточниот регион.

Во текот на целиот ден министрите ќе имаат повеќе активности на терен и средби со граѓаните.

Паркинг просторот кај поранешен „Кристал“ уште денеска е затворен од полицијата, каде се претпоставува дека ќе бидат паркирани владините автомобили.

Засега нема официјална агенда која е доставена за медиумите, но се очекува истата да пристигне до крајот на денешниот ден.

Станува збор за седници кои Владата ги одржува во повеќе градови еднаш месечно, а ова е трет град во кој претставници на централната власт ќе ги носат своите одлуки.

Leave a Reply