Владата утре ќе носи одлука за карантин за претстојниот викенд

Сподели со своите пријатели

Владата утре ќе ја донесе одлуката за карантин за претстојниот викенд, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Комисијата за заразни болести доставила предлог карантинот да започне во четврток навечер и да трае до понеделник.

– На утринскиот состанок на Штабот јас го изнесов мислењето од утринскиот сосстанок на Комисијата за заразни болести која со консезус смета дека треба викендот да биде повторно целосно затворен како за Велигден од четврток навечер до понеделник. Видов реакции на министерот Чулев, не треба да станува збор за лично мислење и тенденција, да се пренесе мислење, став или желба на група граѓани, затоа што сите овие мислења се темелат на стурчни сознанија на Комисијата за заразни болести, изјави министерот Филипче.

Никола Ивановски

Leave a Reply