Владата усвои информација за склучување договор за набавка на вакцини против Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Информација за склучување договор за преземени обврски (обврзувачки договор за набавка), меѓу Владата  и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини против Ковид-19 преку Ковакс механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини и за обезбедување финансиска гаранција за плаќање е усвоена на синоќешната седница на Владата.

Loading...

-Владата, како што се посочува, го задолжи министерот за здравство да го потпише договорот без да спроведе една од постапките пропишани со член 47 од Законот за јавни набавки, со оглед на тоа дека овој Договор претставува меѓународен договор со кој се преземаат права и обврски за нашата држава согласно мислењето на Министерството за надворешни работи, стои во соопштението од владината прес-служба.

Рената Пепељугоска

Leave a Reply