ВЛАДА ОДЛУЧИ: Спорската сала се враќа на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

На вчерашната седница Владата на Република Северна Македонија донесе одлука со која Спортската сала во Куманово и се враќа во владеење на општината, откако со години беше под приватно стопанисување.

Loading...

На оваа своја седница Владата донесе одлука спортските сали Партизан и Расадник да им бидат вратени на Општина Карпош и на Општина Кисела Вода, спортската сала во Радовиш, како и спортската сала во Куманово и други спортски објекти во овој град, да им бидат вратени на Општина Радовиш и Општина Куманово. 

Со овие одлуки, спортските сали се враќаат во владение и на управување на општините и стануваат поблиску до граѓаните и до спортските клубови во локалните заедници со што се отвораат можностите и потенцијалите за нивна поголема искористеност и за развој на спортот и физичката култура. 

На оваа седница на Владата и формално е потврдена одлуката за давање на трајно користење на популарната спортска сала „Кале“ која после многу години ѝ се враќа на Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија.

Loading...

Освен Спортската сала на Општина Куманово и се враќаат градскиот стадион, стрелиште и Соколана.

Реконтрукцијата на сите овие објекти ќе биде тешка, бидејќи се во екстремно лоши услови и нивната целосна санација ќе чини многу пари.

Leave a Reply