Спортските објекти вратени на Општина Куманово во „хорор“ издание (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Четири спортски локалитети Општина Куманово денеска ги доби назад во владение, откако Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти ги одзема повеќегодишните дозволи на приватните концесионери.

Loading...

„Соколана“, Градскиот стадион, некогашно „Стрелиште“ и Спортската сала и фудбалското игралиште повторно се под надлежност на општината, но при денешната обиколка на објектите може да се заклучи дека дел од нив се идеална локација за снимање на некој хорор филм.

Градски стадион

Градоначалникот Максим Димитриевски ги посети објектите заедно со директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти Хајредин Шпенди и советникот за спорт во Влада на РСМ, Даниел Димевски.

Градски стадион

Како што изјави Димитриевски објектот Соколана веќе е предаден, а остантите ќе бидат преземени со потпишување на договор во текот на денешниот ден.

Loading...

– Во иднина општината ќе треба првенствено да ги заштити овие спортски објекти и да изготви планови за реконструкција на истите. За спортската сала како што знаете веќе општината изготви проект за реконструирање, истиот чинеше околу два милиони денари и ќе можеме да имплементираме дел од тие средства добивме ветување од Владата дека во следниот Буџет, следната година, ќе се одвојат дел од тие средства и секако општината со сопствени средства ќе влезе во дел на реконструкција фазно во овој објект, а за останатите преземаме обврска превнствено да ги заштитиме, дел од постоечката инфраструктура да ја заштитиме да не дојде до уривање и несакано повредување на лица кои гравитираат тука и фазно да наоѓаме стратешки партнери, дали по пат на јавно – приватно партнерство или изнајмување на овие објекти се со цел нивна реконструкција, изјави Димитриевски.

Градски стадион

Рехабилитацијата како што посочи кумановскиот градоначалник ќе потрае подолг период, бидејќи објектите долго време се оставени на забот на времето и со децении наназад се напуштени.

Сите дивоизградени парцели на обие објекти ќе бидат урнати.

– Дел од угостителските објекти, но имаме и најгруба узурпација на простор и секако инспекциските служби од општината досега имаат спроведено постапка и за некои случаи ќе процесуираат соодветни пријави против лица кои имаат направено узурпација на простор, додека останатите согласно одлуката на своетот се имаат усогласено во моментот плаќаат на годишно ниво рента за закуп на земјиштето, останува значи да го дорегулираме тоа и откако ќе влеземе во фаза на изведба ќе ги раскинеме тие договори за да можеме непречено да работиме и инвестираме, додаде Димитриевски.

Градски стадион

Loading...

Комплетната санација и реконструкција на главната Спортска сала ќе чини околу 187 милиони денари, а дел од средствата како што објасни градоначалникот во најголем дел ќе завршат за системот за затоплување и разладување на објектот, кој е и најскап елемент во салата.

Спортска сала Куманово

Директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти Хајредин Шпенди истакна дека објектите се во лоша состојба, но ја потенцираше добрата соработка со градоначалникот Димитриевски и истакна дека со нивната поправка ќе бидат од корист за граѓаните на Куманово.

– Владата ја одобри таа програма во која видовме дека многу од објектите се во многу лоша состојба и никој не се грижи за нив. Наидовме на добра соработка со градоначалникот кој ќе се заложи да се поправат во корист на граѓаните на Куманово и се за развој на спортот во Македонија, изјави директорот Шпенди.

Спортска сала Куманово

Одговороност за оние кои дозволиле објектите да дојдат во ваква состојба најверојатно нема да се бара.

Loading...

– Некои од нив се иселени од државата, некои умрени, ова е долго, 30 години никој ништо не направил за овие објекти, оставени се на забот на времето и кога дојдовме ние како сериозна Влада решивме да ставиме крај на тоа и да се вратат на општините сите објекти кои можат да бидат во служба на граѓаните, додаде тој.

Спортска сала Куманово

Според советникот за спорт во Владата на РСМ, Даниел Димевски спортската инфраструктура е еден од приоритетите на Владата и истата ќе помогне во нивната рехабилитација.

– Не случајно почнуваме од Куманово, тој од секогаш бил спортски град, е и очекувам да биде таков и понатаму. Навистина горлива тема е инфраструктурата во овој спортски град и токму затоа ни беше мотивација повеќе да почнеме од Куманово, се препознавме на иста бранова должина со градоначалникот со директорот на ЈП и ние како Влада кои што се грижиме. Концепцијата е јасна сите овие објекти треба навистина да им се даде максимален приоритет, да ги имаме во одлична кондиција, Куманово да биде лидер на македонскиот спорт, рече тој.

Loading...
Локалитет „Стрелиште“

Владата со 600.000 евра ќе учествува во реконструкцијата на овие објекти, појасни советникот Димевски.

Градски стадион
Градски стадион
Локалитет „Стрелиште“
Локалитет „Стрелиште“
Локалитет „Стрелиште“
Градски стадион

Leave a Reply