Витешка вечера во замок од 12 век: Идиличен град во Германија кој туристите сѐ уште не го откриле

Сподели со своите пријатели

Кохем е прекрасно гратче во Рајна Пфалц во западна Германија, кое се протега покрај реката Мозел, и кое има околу 5.000 жители.

Loading...

Воодушевува со прекрасните погледи на зелените долини и цветните ливади, но и со еклектичната архитектура која датира од средниот век.

Најимпресивниот дел од Кохем е секако раскошно украсениот замок Рајхсбург од 12 век, кој се наоѓа на рид над градот, а кој во меѓувреме е целосно реновиран во неоготски стил.

 

 

Рајхсбург нуди обиколка на своите прекрасни простории под стручно водство, а доколку ви се укаже прилика, дефинитивно треба да ја пробате витешката гозба – организирана четиричасовна вечера во замокот по примерот на некогашните средновековни празници со многу храна, забава и смеа.

Треба да го посетите и стариот дел на градот, опкружен со делумно зачувани ѕидови од 14 век, но и исполнети со згради со шарени фасади како што е барокното градско собрание.

Loading...

Прошетајте покрај брегот на реката, и посетете го Зенфмиле – музеј посветен на сенфот, кој се смета за омилен сос на жителите на Кочем од 1810 година.

 

 

Љубителите на виното исто така ќе си дојдат на свое, имајќи предвид дека ова е исклучително плоден регион полн со прекрасни лозја и продавници за вино каде што дефинитивно треба да ги пробате локалните Ризлинзи.

Најдобро од се? И покрај убавината и многубројните содржини, Кочем се уште не е преполн со туристи.